Балканленд

Дали знаете кое е вистинското име на познатиот Жељко Бебек?

Легендата на југословенската рок-сцена и поранешен член на бендот Бијело Дугме, Жељко Бебек, всушност има малку поинакво име од она по кое сите го знаат. Пејачот во една прилика го откри своето вистинско име.

„Јас сум всушност Желимир, но никој никогаш не ме нарекува така“, рекол пејачот во поткастот на „Вечерњи лист“, а потоа открил дека сите се изненадиле кога во документите го виделе неговото вистинско име: „Тоа е напишано во документите и кога луѓето ќе го прочитаат во документите велат: Мислев ти си Жељко“.

Освен што го признал вистинското име, тој открил и дека луѓето често мислат дека е роден во Бугојно, што не е точно.

„Неверојатно е што толку многу се дискутираше. Тоа е веројатно затоа што некој одамна напишал на Википедија дека сум роден во Бугојно. Точно е дека имав пошироко семејство во Бугојно. Честопати таму одев како дете, па тогаш некои тамошни жителе кои влијаеле на Википедија го напишале тоа мислејќи дека сум роден во Бугојно.

„Всушност, моето потекло е од Херцеговина, од Вељак, а роден сум во нашето прекрасно Сараево“, рекол познатиот пејач.

Можеби ќе ве интересира: