Балканленд

Дара Буба Мара нервозна – во јавност излегоа тајни фотографии (Фото)

Подолго време српските медиуми пишуваа за одморот кој што познатата српска фолк пејачка Дара Буба Мара си го дозволи и замина и претстојување 10-на дена на Тајланд, каде како што вели самата, си ги полнела батериите за многубројните настапи кои идниот период ја очекуваат. Освен медиумите, и пејачката на своите социјални мрежи ги известувала своите фанови како и каде се наоѓа и како се чувствува, меѓудругото таа и постирала голем број на фотографии на кои често може да се види во провокативно издание.

Dara Buba Mara_foto Dara Buba Mara_fotoНо како и секоја позната личност, така и таа сакала одредени фотографии да ги зачува само за себе, но нејзината пријателка истите тие фотки кои досега никаде не биле објавени без никој да знае ги постирала на социјалните мрежи, по што реакцијата на пејачката била повеќе од страшна кога ги видела на интернет. Таа речиси полудела од нервоза и побарала од нејзината пријателка истите веднаш да ги избрише, но и покрај тоа што фотографиите биле избришани, истите беа споделени и се најдоа на голем број српски портали и медиуми, а со самото тоа тајните фотографии на Дара не останаа тајни.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: