Балканленд

Дејан Миличевиќ “распали“ по Бијонсе: Здебелена е, со одвратна коса

Во Лос Анџелес, на 14-ти март, се одржа 63-тото доделување на Греми наградите, настан што ги обедини најпопуларните имиња на светската музичка сцена. На црвениот тепих беа Бијонсе, Дуа Липа, Тејлор Свифт и многу други. Најкоментирана од сите, очекувано, беше Бијонсе, а дел од коментаторите е и Дејан Миличевиќ.

“Оваа година како короната да им го испила мозокот целосно, не знам што се случи, имаше ужасни комбинации”, рече тој во „Премиера“ на ТВ Пинк.

Најмалку ја штедеше светската дива.

“Јасно е која е најголемата “мајка“ со најмногу пари во индустријата. Тој црн фустан со притиснати гради, каде може да се види дека малку се здебелила, потоа црни чорапи, ужасни обетки, косата е одвратна. Афро – не е Афро, станав, ќе доцнам, треба да му се даде вечера на Џеј-Зи”, рече тој Миличевиќ за стилизирање на светската дива.

Можеби ќе ве интересира: