Балканленд

Дел од оштетените од приватизацијата на „Југотон“ нема да ја тужат „Кроација рекордс“

Кога по распадот на Југославија во 1991 година, најголемата дискографска куќа „Југотон“ од Загреб и припадна на државата Хрватска, нејзиното име беше сменето во „Кроација рекордс“, а набргу потоа беше приватизирана. Фонотеката на „Кроација рекордс“ содржи повеќе од 70.000 музички снимки и 14.000 носачи на звук со композиции од автори од сите републики на поранешна СФРЈ. Но, по одлуката на Уставниот суд на Хрватска, конечно е јасно дека „Кроација рекордс“ не ја спроведе приватизацијата на вистински начин, туку отуѓи исклучително вредни дискографски имот и заработува милиони со децении, кршејќи ги авторските права. Имено судот утврди дека никогаш не била проценета вредноста на аудио снимките од наследството на „Југотон“, врз основа на кои се прават нови снимки и компилации, ниту пак „Кроација рекордс“ платила нешто за нив.

На оваа вест поинаку реагираат изведувачите од Србија кои објавуваа за „Југотон“. Додека оние кои се уште соработуваат со „Кроација рекордс“ не сакаат да ја коментираат одлуката на Уставниот суд на Хрватска, други имаат намера да ја тужат оваа дискографска куќа.

Оштетени сме, но сè уште не сме решиле што ќе правиме. Планираме да се консултираме со адвокат, да видиме што може да се направи. Се плашам дека се ќе заврши со тоа што помина многу време и дека е тешко да се докаже кој и колку е оштетен. Нормално е да добиеме пари што сме ги заработиле фер. Лесно е да се живее од туѓи маки. – вели фронтменот на „Партибрејкерс“, Зоран Костиќ – Цане.

„Електричен оргазам“ во осумдесетите ги објави речиси сите свои синглови и албуми за „Југотон“, но основачот на групата, пејачот и гитарист Срѓан Гојковиќ – Гиле не сакаше да ја коментира одлуката на хрватскиот Уставен суд

 Се уште соработуваме со „Кроација рекордс“. – кратко изјави гиле.

И Бора Ѓорѓевиќ, лидерот на српската рок група „Рибља чорба“, вели дека има добра соработка со хрватската дискографска куќа:

Немаме забелешки за соработката со „Кроација рекордс“. Неодамна се договоривме да го реиздадеме албумот „Вечерас вас забављају музичари који пију“. Ова е петти албум „Рибља чорба“ што го снимивме за „Југотон“ во 1984 година. Со нив имаме коректна деловна соработка. Што се однесува до Џони Штулиќ, кој со години зборува дека „Југотон“ и „Кроација рекордс“ го украле, се надевам дека ќе си ги оствари правата.

Дејан Цукиќ на почетокот на музичката кариера беше во групата „Булевар“. Иако тогаш соработувал со „Југотон“, Цукиќ смета дека по приватизацијата на оваа дискографска куќа, тој во ниту една смисла не бил оштетен.

Во „Југотон“ не објавив многу. Само два сингла на почетокот на кариерата. – изјави Цукиќ.

Југословенската рок-музичка ѕвезда, кантавтор и гитарист Срѓан Марјановиќ изјави дека не знае дали е меѓу жртвите.

Ако сите други се оштетени, можеби и јас сум. Помина многу време и тешко е да се одреди што се случувало во тие години. Правата на авторите од Србија ги штити Сокој, па претпоставувам дека ќе се занимава и со тоа прашање. Ако има, Сокој ќе треба да покрене тужба. Се надевам дека сепак ќе успеат да се договорат. Не е лесно да се преживее во овие времиња, особено кога е музиката во прашање. Записите и дисковите речиси никогаш не се продаваат, поради различните технолошки иновации. Пари има на интернет платформите, а не во дискографските куќи. Се надевам дека овој проблем ќе се реши за сите да бидат среќни и задоволни. Со „Југотон“ имав фер однос, а мојот последен двоен албум, кој излезе пред една година, го издаде „Југотон – Кроација рекордс“.

Извор: novosti.rs

Можеби ќе ве интересира: