Балканленд

Детали околу смртта на Балашевиќ: Два ипол часа го враќале во живот, а потоа молк

Познатиот кантавтор Балашевиќ почина денес на 67-годишна возраст. Да потсетиме, Балашевиќ пред три дена беше итно примен на Инфективната клиника на Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад. Според неофицијални информации, тој имал Ковид-19 и бил во лоша состојба. Лекарите ги презеле сите потребни мерки за лекување, но немало подобрување. Попладнево неговата состојба дополнително се влошува заради претходните хронични здравствени проблеми, дознаваат српските медиуми.

Лекарите од КЦВ се обиделе да го вратат во живот речиси два и пол часа, но за жал, нивните напори останаа залудни и Балашевиќ почина само три месеци пред неговиот 68-ми роденден. Тој доживеа срцев удар во ноември 2019 година, поради што беа вградени стентови. Поради ова, тој тогаш мораше да ги одложи најавените концерти

Балашевиќ е роден на 11-ти мај 1953 година во Нови Сад. Тој беше член на групите „Жетва“ и „Ран мраз“, а во 1982 година започна соло кариера за време на која стана еден од најомилените поети и текстописци во земјите од поранешна Југославија.

Глумеше во неколку ТВ серии, за кои пишуваше и музика.

Можеби ќе ве интересира: