Балканленд

Дино Јелусиќ објави соло сингл во пресрет на турнејата со „Whitesnake“

Дино Јелушиќ, еден од најдобрите хрватски вокали и сестран музичар со брилијантна кариера која се протега далеку од границите на Хрватска, во пресрет на големата светска турнеја со легендарниот бенд „Whitesnake претставува нов соло сингл на хрватски јазик – „Ти то добро знаш“.

Песната  првично ја напишав во 2014 година, но ја завршив на крајот на минатата година и мило ми е што ќе ја претставам сега кога имам повеќе внимание и кога сум малку постар. Песната се состои од повеќе делови (од вообичаена песна), оркестарски вовед, две сола на гитара, три строфи, малку поинаков епилог, генерално не класично структуриран. Песната е спој на повеќе стилови и мислам дека е идеален показател за тоа каква музика би се занимавал на овие простори. Текстуално песната може да се интерпретира на повеќе начини, но се одлучивме за инспиративна приказна и во спотот ја поврзавме песната со Ванеса Тот, млада спортистка од Славонски Брод, – вели Дино.

Дино во следниот период го очекува прошталната турнеја со „Whitesnake“, чиј член стана во јули 2021 како придружен вокал. Во рамки на туренајата тие ќе имаат свој концерт во Скопје на 12-ти јули.

 

Можеби ќе ве интересира: