Балканленд

Ексклузивно: Дино Мерлин и Оливер Драгоевиќ на “Пиво фест 2015” во Прилеп

Неофицијално, специјализираниот македонски музички портал Музика24 од свои извори блиски до општина Прилеп, дознава дека на овогодинешното издание на “Пиво фест”, меѓу многуте музички учесници кои сега засега се држат во тајност, на сцената на градскиот плоштад во Прилеп ќе настапат добро познатите Дино Мерлин кој речиси пред една недела имаше совршен концерт во Скопје и Оливер Драгоевиќ.

Иако сепак е рано за овој познат бренд од градот на Марковите кули, сепак, Музика24 се обиде неофицијално да дознае за што поточно станува збор. Од општината до пишувањето на овој текст не ни потврдија, но не ни ја негираа оваа информација. Останува ние како единствен музички медиум во Република Македонија официјално да ве известиме во текот на следните денови.

Но како и да е… по 13-ти пат во еден од најубавите градови во нашата земја, оваа година повторно ќе се дружиме со познати музички имиња како од Македонија, така и од регионот на еден од најпознатите пивски фестивали на Балканот “Пиво фест” – Прилеп.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: