Балканленд

„Дивље јагоде“ со синглот „Плаве ночи без тебе“ го најавуваат новиот албум (Видео)

„Плаве ночи без тебе“ е првата нова песна на регионалните рок ѕвезди „Дивље јагоде“ по албумот „Jukebox“. Тие со оваа песна го најавуваат и нивниот нов студиски албум.

Со својот препознатлив авторски печат, основачот на бендот, Зеле Липовача, на публиката и подарува уште една жестока рок песна која покажува дека и по повеќе од 40 години, „Дивље јагоде“ се уште го држат тронот. Според самиот Зеле, докажаниот вокален дует на Тони Јанковиќ и Ливиo Берак повторно брилјираше.

“Повеќето песни за новиот албум ќе ги отпее тандемот Тони Јанковиќ и Ливио Берак, како дует или сами. Како и на претходните два албума, повторно ќе носиме гости, а засега е извесно дека тоа ќе бидат Младен војичиќ, Тифа и Чипи од групата „Освајачи“, вели Зеле.

Можеби ќе ве интересира: