Балканленд

ДНК далеку подобри од хистеричната ЗАА и слатките Радио Актив (Фото)

И вечерва продолжи забавата на 13-то издание на Фестивалот на пивото – “Пивофест 2015” во Прилеп. Градот од година во година станува се потесен и потесен за гостите кои секоја година доаѓаат од сите градови од Македонија, а и од останатите држави од Балканот кои се заинтересирани за нашиот на далеку познат пивски фестивал.

За разлика од изминатата вечер, оваа беше посветена на рок музиката и делумно на хип-хоп. Како први на сцената кои и официјално ја стартуваа втората фестивалска вечер се појави групата ЗАА која што рака на срце ретко кој ги знаеше, но сепак, музиката што тие ја свиреа заедно со нивната вокалиска беше одлична. Иако малку хистерично и ненавикнато за нашата публика, пејачката на оваа група на моменти играше моќно и провокативно.

Втори на сцената се појави хрватската рок група Радио Актив кој ги отпејаа своите најголеми хитови. Но и покрај одличната музика кои тие ја понудија на сите присутни, сепак публиката не знаеше за која група станува збор и требаше време да се вклопат во сето она што им се нуди.

За разлика од претходните две групи, на сцената водителот Жарко Димитриовски и Маријана Станојковска ги најавија познатите ДНК, дуото чии песни се надалеку слушани и секако препознатливи. “Дада”, “Најмила”, “Она е од Шутка”, “Срце”, “Авион”… беа само дел од песните кои овие двајца познати пејачи ги отпејаа пред присутната публика во Прилеп.

DNK_Pivofest2015А веднаш по нив настапија и ѕвездите на вечерта, познатата рок група од поранешна Југославија, групата која речиси сите ја знаат, познатите “Прљаво Казалиште” кои со самото појавување на сцената ги возбуди и ги натераа сите присутни да останат до самиот крај. Како и секогаш, така и овој пат тие ги испејаа своите најголеми хитови. За изненадување беше глетката, што речиси тинејџерите и речиси сите млади ги знаеа нивните песни и заедно со нив пејаа песна по песна.

Prljavo KazalisteПо нивниот концерт, настап на пивскиот фестивал, забавата продолжи со пена парти на алтернативната сцена на која како и минатата вечер и оваа имаше познати македонски ДЏ-и.

Утре е третата претпоследна вечер на Фестивалот на пивото на која ќе настапат Наум Петревски кој треба да ја стартува вечерта, а веднаш по него ќе настапат фолк пејачката Неда Украден и познатиот хрватски пејач Оливер Драгоевиќ.

За Музика24 од Прилеп: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: