Балканленд

“2Cellos” добија златен тираж во Јапонија

Додека тие го снимаат новиот трет алубум во Загреб, добиле неочекувана вест и награда која пристигнала директно од Јапонија. Нивниот актуелен албум “IN2ITION-Collectors Edition” за тамошниот јапонски пазар достигнал златен тираж, односно досега е продаден во повеќе од 100.000 примероци. Освен тоа, оваа албумска колекција на доделувањето на “Japan Gold Disc Award 2014” добила награда за најдобар инструментален албум на годината, а песната “Kagemusha” била наградена со награда за песна на годината по бројот на данлодирање од интернет.

Не чуди и информацијата дека ова совршено музичко дуо составено од Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер, добиле и пофалба од компанијата “Sony Music Japan” за посебен придонес на компанијата “Artist of Special Contribution to the Company 2013”. Популарноста во Јапонија се надополнува и со информацијата дека сите концерти кои ова дуо ги има одржано во оваа земја, однапред биле распродадени. А дел од тамошната публика биле на нивниот концерт во Загреб. “2Cellos” пред само неколку дена освоија посебна награда од хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ за промоција на Хрватска во светот и награда “Порин” за најдобро ДВД издание “Live At Arena Zagreb”.

Македонската публика со ова феноменално и совршено музичко дуо се запозна минатата година на единаесетотото издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп “Пивофест” кога тие беа дел и ја забавуваа македонската публика во првата фестивалска вечер.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: