Балканленд

Драгана Мирковиќ со нов албум во септември?! (Фото)

Познатата балканска фолк пејачка Драгана Мирковиќ која што зад себе има голем број на хитови, вонвременски песни, и покрај големиот концерт во Белград таа не се откажува од својата кариера како што беше првенствено најавено, таа дури неодамна изјави дека наскоро влегува во студио и започнува со снимање на нови песни и албум кој би требало заедно со видео спотовите да излезе во текот на месец септември оваа година.

Dragana Mirkovic_koncert“Замислете, јас снимам нов албум (се смее). Навистина посакав, не е тоа потреба за снимање нови песни, туку едноставно потреба од влегување во студио, од нови ноти и само поради тоа се решив на тој чекор. Не е неопходно да снимам нови песни, но едноставно го посакав тоа. А новиот албум, она што Ве интересира, излегува некаде во септември, бидејќи не се брзам и сакам тоа да биде онака одлично спакувано, заедно со видео спотовите”, изјави Драгана Мирковиќ во врска со шпекулациите за тоа дали и кога ќе снима нов албум.

Dragana Mirkovic_koncert belgradИнаку, како што веќе пишувавме, мега популарната Драгана Мирковиќ на 16-ти декември најави голем спектакуларен солистички концерт во арената Армеец во Софија, соседна Бугарија. По тој повод, таа комплетира сосема нова супер група која што ќе биде составена од најдобрите српски музичари и тоа специјално за концертот во Софија.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: