Балканленд

Џехверовиќ “нападната” на Твитер: “Теодора купува следбеници, но и лајкови

Теодора Џехверовиќ постојано го привлекуваше вниманието на јавноста со своето однесување, многу често на негативен начин, а една од причините за која беше нападната е кога достигна милион следбеници на Инстаграм.

Многумина се сомневаа дека пејачката купувала следбеници за да изгледа како таа да е попопуларна повеќе отколку што е и како може да заработи повеќе преку оваа социјална мрежа. Ако се земе во предвид една од нејзините последни објави на Инстаграм, многу фанови, како и критичарите на Теодора, ги потврдија, како што велат, нивните сомнежи.

Имено, пред неколку дена, Џехеровиќ објави фотографија со МЦ Стојан и ги услови своите следбеници и обожаватели дека доколку сакаат да го слушнат нивниот дует, најавата мора да достигне 200.000 лајкови.

“Ајде да собереме 200.000 лајкови на оваа фотографија и да ја објавиме песната!”, напиша Теодора.

Сепак, некои корисници на Твитер внимателно следеа дали и кога Џехверовиќ ќе го собере потребниот број лајкови. Бидејќи и беа потребни повеќе од шест дена за да го стори тоа, тие се посомневаа дека таа навистина купила следбеници на Инстаграм.

“Но, Теодора Џехверовиќ, која има милион следбеници (таа организираше забава), бара 200.000 лајкови за да ја објави песната и таа дури не може да ја собере. Едвај ги собра саканите лајкови”, е еден од многуте коментари.

Од друга страна, имаше и такви кои застанаа во одбрана на пејачката, па тие напишаа дека просечните лајкови по објавувањето биле 20 проценти од бројот на следбеници, но тоа не пиело вода, бидејќи таа во моментов има над милион следбеници. Некои, сепак, имаа теорија дека Теодора, бидејќи не можела да собере одреден број лајкови, на крајот решила да ги купи, „исто како следбеници“.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: