Интимен настап за одбрана публика во Загреб како најава за враќањето на музичката сцена. “Подготвив два албуми во ова време на молк, едниот е во живо со добрите моменти од концертот. Во оваа година ќе имам осум настапи, гледав тоа да бидат настапи каде ќе може секој да присуствува, каде нема да бидат скапи картите, затоа дури шест од нив ќе бидат на отворен простор”, изјавил Џибони за хрватски портал. Полнењето на арената во моментот не го интересира. Покрај тоа што се шушка за интернационална кариера, ние дознаваме дека Џибони работи на филм со Енис Бешлагиќ.
“Се е во тајност, сеуште немам со што да ви се пофалам, освен дека идејата постои и дека има одлично сценарио. Јас сум од почетокот инволвиран во сето тоа. Има добра приказна, можеби најдобрата која ја имам прочитано досега кога сценариото е во прашање”, додал Џибони во врска со филмот и неговото снимање. Во исчекување сме на новите проекти на еден од најдобрите хрватски музичари.