Како што пренесуваат балканските медиуми, познатиот Екрем Јевриќ кој што публиката го запозна преку неговата легендарна песна “Куча посао” денес починал во Њујорк, каде што и живее со семејството. Тој подготвен патувал кон работното место, но одеднаш во автомобилот доживеал срцев удар. Иако брзата помош реагирала навреме, сепак било доцна.
Оваа информација ја потврдија и неговите менаџери од Америка, пренесуваат порталите. Инаку Екрем кој имаше 58 години беше познат и под прекарот Господа. За брзо време стана интернет ѕвезда по објавувањето на неговата песна “Куча посао”. Беше оженет со Игбала Јевриќ со која што има четири сина. Во 2010-та година учествуваше и во реалното шоу “Фарма” каде што го доби третото место.
https://youtu.be/IvY3qoCTMEU
Подготви: Катерина Митровска