Балканленд

Емина Јаховиќ го објави видеото од првото породување (Видео)

Познатата балканска пејачка Емина Јаховиќ – Сандал повеќе пати говорела дека најемотивниот момент во животот бил раѓањето на нејзиниот постар син Јаман. Меморијата од 8-ми август 2008-ма година повремено ја оживува гледајќи го видеото од породувањето кое неодамна одлучила ексклузивно да го прикаже на ТВ Пинк. Како што сама кажала, поминале шест години и сега е во ред да го прикаже нејзиното прво раѓање од моментот кога ја подготвувале за салата за породување до моментот кога за прв пат на градите и го ставаат синчето.

“Постојано плачев. Тоа е чудно чувство. Не знаев што ме чека, но покрај мене беа мојата мајка, свекрвата и сопругот. За жал немам снимки од второто породување”, изјавила Емина додека со Огњен Амиџиќ го гледа видеото од салата за операција кое го виделе и сите гледачи на ТВ Пинк. На породувањето присуствувал и нејзиниот сопруг, турската поп ѕвезда Мустафа Сандал. покрај Јаман, Емина има уште едно синче, помалиот Јавуз кои исто така е роден со царски рез. Видеото можете да го погледнете на следниот линк со клик на истиот: Емина Јаховиќ – прво породување.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: