Балканленд

Емотивно: Амадеус бенд го исполнија нивниот музички сон

После 35 години повторно се повторува музичката историја, поточно после легендарниот балкански состав “Бјело Дугме” кој имаше чест да снима композиција со  филхармонија, овој пат на големо изненадување веќе докажаниот музички бренд Амадеус бенд во понеделникот ја снимаа нивната нова песна заедно со хорот и филхармонијата во Бугарија за која важат за едни од најдобрите музичари во целиот свет за филмска музика.

“Овој проект е многу комплексен и не сакаме да лажеме дека не заплакавме додека се раѓаше новата композиција на која веруваме ќе бидат горди на нас”, изјави Бојан Станимировиќ.

Имено на самиот аранжман работеше Дамир Имери додека за самата продукција Марко Џурашевиќ-Махони со кој доволно покажаа на што се спремни овие момци да успеат во нивната музичка кариера која е на завидно ниво.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: