Балканленд

Ерос Рамацоти со концерт во Софија

Како што не известуваат нашите соработници од продуценската куќа Moko Solution од соседна Бугарија, светски познатиот Ерос Рамацоти на 26-ти овој месец ќе одржи голем концерт во Софија. Концертот е веќе распродаден. Интересна е информацијата што пејачот се откажува од местата кои по договор им припаѓаат на организаторите и менаџментот и влезниците за 100-те слободни места веќе од денес од 12 часот се на продажба во мрежата на Eventim по цена од 80 лева или 40 евра (2400 денари).

Ова всушност претставува и последната можност за купување на билет за едно од најочекуваните музички случувања на Балканот. Инаку, концертот во Софија е дел од големата светска турнеја Perfetto World Tour која што Рамацоти во идниот период ќе ја реализира, односно, истата започнува од 12-ти септемри со голем концерт во стадионот во Рим, Италија.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: