Балканленд

Филмот за Раста на репертоарот на 3D Кино – Битола

Биографскиот филм „3211“ за животот и заминувањето во затвор на српскиот рапер Раста оваа недела е на репертоарот на битолското кино.

Стефан Ѓуриќ – Раста во најтешките моменти од животот ја сфатил бесценетата вредност на слободата, но и нашол инспирација и креативност да пишува песни, кои режисерското дуо Данило Беќковиќ и Андријана Стојковиќ ги преточиле во филм. Филмот премиерно беше прикажан на 19-ти септември. Освен во Битола, филмот од утре е на репертоар и во Скопје, Штип, Велес и Свети Николе.

 „3211“ за мене не е само филм. Тоа е предизвик кој го прифатив со страст и посветеност, сакајќи да ви пренесам повеќе од само приказна. Поддршката на фановите и нивната верба во оваа приказна ми даде сила длабоко да се поврзам со овој проект. – изјави раперот.

Филмот е на репертоарот на 3Д Кино – Битола на 31-ви октомври и 1-ви ноември со почеток на проекциите во 20 часот.

Можеби ќе ве интересира: