Вртејќи по ТВ каналите, случајно налетав на ТВ Сонце, не ни знаев дека постои, се емитуваше “show” кое мене, ама ни малку не ми личеше на show, налик на она кое го правеше Вучиќ пред многу години, но во многу лоша копија. Па добро бре луѓе, до кога вака?! Домашната продукција на тв изумира, но тоа не значи дека треба секој-некој да е водител и да има своја емисија, а при тоа е досаден. Водител кој примарна професија му е пејач решил дека може да има емисија и да биде интересен. Немам ништо против, се труди, но никако неможам да премолчам импровизација, нешто половично направено. Лоша сценографија, празни муабети, лош хумор се само дел од работите кои може да ги видите, а јас не би ви ги препорачал. Да не се разбереме погресно, се надевам дека ќе го сфатите ова најдобро намерно и дека за кратко време ќе се подобрите ако не можете, не знаете како… повлечете се. Немојте да го навредувате неговото величество – гледачот.
Авторот е познат на редакцијата – Музика24