Балканленд

Ѓорѓе Давид: Рокери забранија нивните песни да се пеат во „Ѕвездите на Гранд“

Рок-музичари од регионот наводно забраниле да се изведуваат нивните песни во „Ѕвездите на Гранд“ без посебен финансиски надомест, тврди членот на жирито Ѓорѓе Давид. И покрај фактот што преку СОКОЈ тие добиваат одреден приход заснован на авторско право, некои изведувачи побарале од „Гранд продукција“ дополнителна сума пари, за натпреварувачите да можат да ги пеат нивните песни.

„Многу ми е жал што некои луѓе имаат варијанта да не го разбираат моментот во кој се наоѓа рок музиката во моментов. Авторството е нешто што никој не може да Ви го земе, тоа е „недвижен имот“. Затоа авторот има право да прави со своето творештво што сака и како сака. Но многу ми е тешко, кога ќе видам некои луѓе од рок музиката како бараат финансиска компензација за тоа. Тие се многу свесни за фактот дека рок музиката, кога станува збор за медиумите е во кома. Од почит кон овие луѓе, нема да ги именувам, но мислам дека „Гранд“ ја пријавува секоја песна што се изведува и влегува во конкуренција. Се што е хонорар за текст, аранжман и композиција, луѓето што го направија тоа го добиваат преку СОКОЈ. Но да побараат дополнителни пари во овој момент мислам дека е автогол“, објаснува Давид.

Давид од почит кон колегите не сака да ги именува оние кои побарале дополнителен надомест. Но од друга страна рокери како Жика и Драги Јелиќ од „Ју група“ дозволиле кандидатите да ги изведуваат нивните песни на натпреварот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: