Балканленд

Гоца Тржан открива: Сакам нудистички плажи

Познатата балканска поп пејачка Гоца Тржан отворено признава дека е љубител на нудистичките плажи и дека секогаш досега кога можела истата ги посетувала. Таа меѓудругото вели и дека нестрпливо чека да дојде летото за да може малку да се опушти и да ужива.

“На црногорско приморје веќе не одам, затоа што таму има многу домашни папараци кои потоа без и малку осет ги објавуваат тие слики по весниците. И ништо не им можете, бидејќи јас сум гола на јавно место, а тоа не подлега на Законот за повреда на приватноста. Затоа одам во Грција на нудистички плажи. Кај Грците никој не ме познава, никој не ме слика. И одлично се чувствувам”, откива пејачката.

Таа дури се присетува на времето кога одела на нудистичките плажи во Црна Гора, и самата вели дека на плажите среќавала и препознавала голем број на познати балкански музички и јавни личности. Еден од нив бил и познатиот и легендарен фудбалер Душан Дуле Савиќ, а за тоа искуство и средба таа вели:

“Па, ете се видовме така голи како од мајка родени, малку беше непријатно, ама брзо помина нелагодноста. Додуша мене погледот ми одеше се некако надолу кон неговиот машки понос, хахаха (се смее), а и машала имаше што да се види”, низ смеа и шегување познатата пејачка ја раскажа случката во тв емисија.

Можеби ќе ве интересира: