Во градот херој долу под Марковите кули на плоштадот “Методија Андонов Ченто” во Прилеп ќе има вистински бум за дочекот на Новата Година… Програмата ќе започне уште на 31-ви декември во 10 часот со настапот на “Ѕвездичките”, а веднаш после тоа, еден час подоцна односно во 11 часот свој настап ќе имаат “Patience”.
12 часот ќе биде термин резервиран за нашиот познат поп пејач Тајзи и дневната програма ќе заврши во 13 часот со настап на најпопуларниот рапер во Македонија еден и единствениот познатиот Слаткар.
Од општината Прилеп не информираат дека вечерната програма на 31-ви декември ќе започне точно во 22 часот со настап на прилепската рок група “The Hounds”, а веднаш по нив на сцената околу 23 часот ќе се појават Ламбе Алабаковски и Викторија Лоба кои што со своите хитови и добро познати песни публиката ќе ја забавуваат некаде до 00 часот. Стартот на Новата 2014-та година прилепчани и сите присутни на Градскиот плоштад ќе ја дочекаат со одличните “Биоритам” кои што ќе бидат задолжени за кревање на расположението, а секако и одлична музичка забава до раните утрински часови.
Доколку незнаете и немате сеуште план каде би ја дочекале Новата Година, наш предлог е оваа година да бидете дел од големата новогодишна забава која што Општината Прилеп ја организира само за Вас. Повелете, дојдете и уживајте во прекрасната музичко-забавна програма на градот Прилеп.
Од Прилеп за Музика24: Маринела Каранфилоска