Балканленд

Големиот концерт на Јелена Карлеуша ќе се емитува и во Македонија (Фото)

Српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша на 18-ти септември во Белград на вода, одржа спектакуларен концерт кој беше потполно бесплатен за сите посетители. Карлеуша на своите најверни фанови им подари 19 нови песни, од двата нови албума „Алфа“ и „Омега“, а за секоја песна имаше специјално дизајнирана кореографија, но и костим.

Јелена се погрижи сите фанови да добијат прилика да видат што има, па концертот ќе се емитува во сабота, на дури 6 телевизиски канали од целиот регион. Во Србија концертот на Карлеуша ќе се емитува на ТВ Прва, во Македонија на Канал 5, во Црна Гора и на канал Прва, во БиХ на РТРС, а новата информација е датумот. Концертот ќе се емитува во 21:00 часот на споменатите канали.

„Промоција на албумот „Алфа“ и албумот „Омега“, Белград на вода! Ексклузивното видео ќе се емитува во Србија на ТВ Прва во сабота на 23 септември со почеток во 21 часот. Снимката ќе се емитува и на националните ТВ канали на сите екс-ју републики! Горда сум и среќна! Му должам голема благодарност на мојот огромен тим на луѓе предводен од Зоран Бирташевиќ, човекот кој всушност е „Алфа“ и „Омега“ на овој мегаломански проект и кој го сплете сето свое знаење, талент, љубов и желба да ги поттикне граници и направи неверојатен успех! Без него и неговата посветеност, ништо не би изгледало толку моќно! Благодарност до моите колеги и пријатели. На овој проект работеа 260 луѓе“, напиша Јелена Карлеуша во објава на Инстаграм.

Можеби ќе ве интересира: