Балканленд

Горан Бреговиќ бега од плаќање даноци во родното Сараево

Познатиот музичар и пејач Горан Бреговиќ целиот свој бизнис од Белград го префрлил во Сараево поради даночните олеснувања, пишуваат српските медиуми.

“Брега во последно време кога нема концерти низ светот, многу повеќе време поминува во Сараево отколку во Белград. Последните неколку месеци негова база му е Јахорина. По консултациите со луѓето кои го советуваат за финансиите, тој одлучи својот бизнис да го префрли во Босна поради даночните олеснувања”, вели близок извор на Бреговиќ.

По две децении Бреговиќ ќе се врати во својот роден град, кој го напуштил за време на војната. Уште пред три години во неговите документи како адреса на живеење е напишана сараевската улица Чекалупа. И своето музичко студио го преселил во Сараево, каде работи со млади музичари. Во паузите меѓу концертите Горан ја компонира операта со среќен крај “Орфеј” која сакаат да ја купат неколку угледни куќи ширум Европа.

Во Сараево работи и неговата фондација која им помага на младите музичари од ромска припадност да се школуваат. Како што пренесува босанскиот портал “Дневни аваз” Бреговиќ својата комплетна животна заштеда која се проценува на неколку милиони евра ја префрлил во неколку банки чие седиште е во Босна и Херцеговина.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: