По одличната втора фестивалска вечер, пена парти и одличните ДЏ-и, утрово Градоначалникот на град Прилеп Маријан Ристески заедно со својата екипа и новинарите појдоа во паркот “Могила” да ги посетат камперите кои од пред неколку дена бесплатно кампуваат во овој дел од градот. Како и секое утро, така и ова, камперите добија бесплатна чорба со лепче и кафе или чај за расонување.
Освен таткото на градот, присутни беа и водителите на овогодинешниот “Пивофест”, кои накратко дадоа свој осврт и коментар за претходно поминатата фестивалска вечер.
“Поминавме одлично, уште еден фестивалски ден на “Пивофест” и се помина одлично и на сцена и пред сцена и позади сцена, освен она што имавме еден пад, но добро е, преживеавме. По се изгледа дека денес ќе имаме и сунѓерчиња напред ставено и ќе може да скокаат, бидејќи колку што знаеме Неда Украден е позната по скокање и ќе мора и за неа да ставиме”, се пошегува водителот Жарко Димитровски по она што се случи вчеравечер, а за што Музика24 веќе ве информираше.
“Како и да е, многу пива, повторно супер адмосфера, останавме и малку подолго од она што го планиравме верувам тоа им се допадна на луѓето кои одлично се забавуваа. За денеска имаме одлична програма, на која што ќе присуствуваат и оние малку повозрасните да ги потцетиме на нивната музика. Така што уште еднаш ветуваме добра забава, веќе викендот и официјално е започнат, така што очекуваме уште повеќе гости за што општината секако е подготвена да ги пречека. Вечерва продолжуваме со третата фестивалска вечер, јас и Маријана сме подготвени, гледаме дека и публиката е подготвена и желна за забава. Ве очекуваме да дојдете”, додаде водителот Димитровски.
Водителката Маријана пак ја најави вечерашната програма, вечерва на сцената на “Пивофест” ќе настапат нашиот Наум Петревски, одличната и неуморна Неда Украден за која што како што се пошегува Маријана водителот Жарко ќе стои напред на сцената за да не и текне многу да скока на сцена. А веднаш по официјалниот дел, за помладата публика се очекува одлична латино денс забава, па доколку сакате малку да танцувате малку да уживате, веднаш по официјалниот дел вечерва ве каниме на латино забава.
Веднаш по освртот на водителскиот пар, на присутните новинари се обрати и Градоначалникот Маријан Ристески кој даде свое гледање за минатата втора фестивалска вечер.
“Имавме прекрасна рокреска и алтернативна вечер со навистина многу, многу гости кои дојдоа да ги гледаат легендарните “Прљаво Казалиште”, но ништо полошо не беа и нашите ДНК, секако и ЗАА и Радио Актив. Се направи одлична журка, одлична забава, иако фронтменот на “Прљаво Казалиште” имаше мал пад од бината, меѓутоа тој продолжи со уште поголема енергија. Позитивната енергија се чувствуваше насекаде, меѓутоа она што мене ме интересира е тоа што не се случи ниту еден единствен инцидент. Минатата фестивалска вечер помина мирно, градот е чист како ништо да не се случило. Мислам дека помина уште една одлична фестивалска пиво вечер на Фестивалот на пивото тука во Прилеп. Моментално сме во паркот на револуцијата да ги посетиме нашите традиционални кампери. Гледаме дека тука забавата и музиката продолжува, одлично се забавуваат, одмараат и уживаат, а ние како локална самоуправа секогаш како добри домаќини ги почестуваме со бесплатна чорба, кафе или чај. Инаку, имаме најава за уште поголем бран на посетители кои во следните два дена, последните фестивалски вечери очекуваме да дојдат поради веќе најавените големи музички ѕвезди Дино Мерлин и Оливер Драгоевиќ кои долго време ги очекуваме да дојдат на нашиот фестивал.Градот е подготвен и мислам дека одлично ќе ги пречекаме и испратиме сите оние што ќе дојдат во следните два дена да се забавуваат на “Пивофест”, изјави Маријан Ристески таткото на градот Прилеп. Веднаш по официјалниот дел, Градоначалникот заедно со водителите им поделија топла и вкусна чорба која секако и тие ја пробаа.