Балканленд

“Гранд” не е тоа што беше!

Асоцијација на “Гранд” продукција е кич, турбо фолк, но овој пат “Гранд” продукција прикажа нешто сосема поинакво. Во саботата новата ѕвезда на оваа продукција Милица Павловиќ ја промовираше својата нова песна за која на сцената беше направена посебна сценографија што за прв пат се случува. Милица Павловиќ ја освои публиката со своето играње, харизма, со својот настап таа докажа и покажа дека иако има само 19 години е сериозна.

Милица на сцената ја изведе својата втора песна “Паклени план” за која е сработено и видео. Овој настап може да се спореди со настапите кои ги имаат светските ѕвезди со што прикажа дека и на сцената на “Гранд” може да се направи шоу како што тоа го прави Бијонсе. Ова е за прв пат “Гранд” продукција да имаат комплетен производ, некој кој добро пее, одлично изгледа и владее на сцената. Погледнете го видеото и уверете се во ова кое го прочитавте: “Паклени план“. Нејзиното време допрва доаѓа. А да, кога нешто вакво ќе доживееме на домашната сцена? Кога некој наш изведувач ќе направи нешто слично? До кога ќе се “вадат” на тоа дека просперираат на мал пазар?

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: