Балканленд

Групата Молика замина на турнеја во Австралија

Битолските фолкери на овој далечен континент ќе останат околу 50 дена каде ќе ги забавуваат нашинците, почнувајќи од 9 месецов во Перт па се до последниот настап закажан за 6 април во Сиднеј. Мелбурн, Волонгонг, Квебек, Њукасл и за прв пат во Бризбејн се градовите што музичарите ќе ги посетат. Покрај музиката и настапите, ќе го промовираат и филмот “Патот до Кенгурите” и ќе раскажат како водени од музиката и амбицијата од прилепското село Клепач стигнале во Австралија.Анета Мицевска - вокал на групата Молика
Молика од почетокот на годинава се селат од континент на континент, за Нова година беа во Америка, направија еден месец пауза во родната Битола и фатија пат за Австралија каде беа и минатата година, додека, пак, месец мај им е резервиран за настапи во Германија. Овој пат имаат да презентираат и нови песни и тоа “Села пелистерски”, “Женско срце”, “Бељата со жената”, но на репертоарот секако дека ќе бидат и големите хитови “Лично Наде”, “Ајше”, “Слушни ме мајко стара”… Им посакуваме успешна турнеја!

Можеби ќе ве интересира: