Балканленд

Ѓуро сними дует со словенечката поп пејачка Неиша

Познатата словенечка поп пејачка Неиша сними одлична песна со актерот и музичар Бранко Ѓуриќ Ѓуро. Песната „Ne brini“ е направена по познатите соул-џез стандарди. Синглот го објавија нашите пријатели од словенечката дискографска куќа Ника.

Песната „Ne brini“ во босанско-словенечка верзија, која беше објавена на 5-ти јануари за 40-тиот роденден на Неиша, наиде на голем одзив и дома и во регионот, па Ѓуро и Неиша решија да снимат видео за еднојазична верзија. Музичката соработка помеѓу Неиша и Ѓуро не завршува со овој спот, бидејќи Ѓуро ќе гостува на големиот концерт на Неиша по повод објавувањето на албумот на 12-ти мај во Цанкарјев дом.

Мислам дека песната со својот успех, кој не изненади сите, го заслужи издавањето на оригиналната, еднојазична верзија и видеото. Мислам дека јас и Ѓуро станавме многу добро координирана сценска двојка и со задоволство на 12-ти мај ќе настапиме заедно во цанкарјев дом.

Можеби ќе ве интересира: