Балканленд

Халид Муслимовиќ осуден за нанесување телесни повреди на љубовницата (Фото)

Босанскиот фолк-пејач Халид Муслимовиќ (60) осуден e денес во Основниот суд во Бања Лука на парична казна од 1.100 марки (562 евра) за нанесување телесни повреди и загрозување на безбедноста на австралиската државјанка Соња Бачиќ, со која Муслимовиќ бил во интимна врска. Според обвинението, Муслимовиќ кривичното дело го сторил на 27-ми јули 2018 година, во периодот од два до три часот по полноќ, на автопатот Бања Лука-Козарац во БиХ.

Имено, обвинителот од Бања Лука, Игор Цимежа изјави дека вината на Муслимовиќ е целосно докажана за време на судењето и побара од судот да ги казни обвинетиот Муслимовиќ во согласност со законот. Тој бараше судот да му  изрече парична казна од 700 конвертибини марки за кривичното дело телесна повреда и 400 конвертибини марки за загрозување на безбедноста.

Халид исто така е должен да плати судски трошоци од 250 марки, а по изрекувањето на пресудата, Муслимовиќ кратко прокоментира дека ќе поднесе жалба на пресудата и дека ништо од наведеното не е точно.

Можеби ќе ве интересира: