Балканленд

„Hurricane“ демантираат: Не е исклучено групата да се врати во ист состав

Популарните „Hurricane“ изминатите денови се во центарот на вниманието по веста за распадот на групата. Сега тие за прв пат после соопштението за нивен распад, повторно се огласија преку нивната ПР служба.

Уште еднаш напоменуваме дека единствената причина поради која договорот нема да биде продолжен е тоа што ние три би сакале да имаме повеќе време да се посветиме на приватниот живот и да се одмориме од преголемата популарност, поради што медиумите често објавуваа неточни текстови. Исто така, не ја исклучуваме можноста групата да се врати во истиот состав во наредниот период, па нема место да за пишување во негативен контекст за нашиот однос.

Во соопштението се вели и дека договорот на девојките им истекува во септември, но дека последната турнеја ја продолжиле до крајот на ноември поради голем интерес. Она што може да се заклучи од нивните објави на социјалните мрежи е дека летната турнеја која започна на Ѓурѓовден во Виена, а продолжи следниот ден со настап во клубот во Пакрац, има збиен распоред,  со нов град речиси секој ден. На пример, тие деновиве настапуваат во Загреб (13 мај), Линц (14 мај), Инџија (15 мај).

Можеби ќе ве интересира: