Балканленд

И акредитираните новинари на “Пивофест” направија селфи фотографија

Сите ние каде и да одиме, на било кој настан, манифестација, или слично со одредена драга личност или пак друштво правиме фотографија наречена селфи. Веруваме дека многумина од Вас кои беа или ќе бидат вечерва тука, на последната и четврта пиво вечер, направија или пак ќе направат селфи кое долго време ќе се памети и за кое веруваме долго ќе се зборува.

Па така и ние акредитираните новинари кои не има во релативно голем број, вчеравечер во малку опуштена атмосфера заедно со водителскиот пар Жарко Димитровски и познатата и преубава лото девојка Маријана Станојковска си дозволивме да направиме селфи фотографија која веруваме ќе ви се допадне, а меѓудругото сите нас ќе не потцетува на една одлична пиво дружба и секако на 13-то издание на еден од најголемите, а можеби и единствен пивски фестивал “Пивофест” во Прилеп.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: