Балканленд

И Цеца се вакцинираше против коронавирусот (Фото)

Како што пишуваат српските медиуми, познатата балканска фолк дива Светлана Цеца Ражњатовиќ денеска околу 13часот и 30 минути пристигнала на белградскиот саем, каде што ја примила првата доза од вакцината против коронавирусот. Како што наложуваат правилата, таа најпрво разговарала со стручно медицинско лице, а потоа отишла на самото место за вакцинација.

“Не почуствував ништо”, изјавила фолк ѕвездата по вакцинацијата со кинеската вакцина Синофарм и меѓудругото таа додава:

“Сметам дека секој свесен граѓанин треба да се вакцинира за пред се да се заштити себе, а потоа и семејството и луѓето кои го опкружуваат. Со оглед на тоа дека имав корона, како што е познато, имав и одредена количина на антитела, па по советување со доктор тоа го сторив сега. Мораме да сфатиме, здравствените работници вложуваат огромен напор за да се грижат за нашите граѓани и тоа не смееме никогаш да го заборавиме. Сметам дека луѓето треба да се вакцинираат и дека тоа е нивна обрска. Сакам да се вратиме во живот, да имам концерти, да се веселиме и гушкаме! Ајде да се потрудиме тоа да биде што поскоро”, апелираше фолк пејачката Цеца.

Инаку, за потсетување, Цеца беше позитивна на коронавирусот минатата 2020-та година, заедно со синот Вељко.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: