Балканленд

И фолк пејачката Цеца славеше со Жељко Јоксимовиќ (Фото)

Речиси сите негови колеги од музичката естрада, пријатели и роднини го прославија раѓањето на нивното прво дете. Сите го прославуваа раѓањето на малиот Коста и славеа заедно со Жељко и Јована. Јоксимовиќ за медиумите изјави дека мајката и бебето кое е родено од 2,5 килограми, се чувствуваат одлично. На прославата која што се случуваше во еден познат српски ресторан, меѓудругите познати имиња од Србија се појави и познатата балканска фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ која што во кратка изјава за медиумите изјави дека и се допаѓа името на малото бебе што Жељко и Јована го имаат одбрано за него.

Ceca“Многу ги сакам и мило ми е што добија бебе. Дај боже што повеќе деца да се раѓаат, бидејќи тоа е најубавото нешто на светот”, изјави Светлана Цеца Ражњатовиќ. А како први на семејната голема прослава се појавиле родителите и братот на Јоксимовиќ кој што се појавил во придружба на својата девојка.

“Феноменално е чувството, едвај го чекавме овој миг. Славиме веќе два дена, а така и ќе продолжиме. Жељко носи резервна гардероба во случај да го искинам. На бебето најмногу му се радува мојот син Илија, кој нетрпеливо чека да му се роди брат”, изјави Саша братот на Жељко.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: