Балканленд

И тоа се случува, грешка при монтажа на емисијата “Ѕвездите на Гранд”, луѓе сме грешки правиме (Видео)

Кој вели дека и најпознатите тв станици како што се BBC, CNN… па дури и најпознатите балкански тв куќи не прават грешки при емитување на програмата во живо. Интересно е тоа што во последната емисија од актуелното и доста гледано музичко и балканско тв шоу “Ѕвездите на Гранд”, и покрај тоа што истото се снима со часови и часови, намерно или не, оставена е симпатична грешка при монтирањето на емисијата.

Имено, по настапот на нашиот македонски натпреварувач Бојан Илиевски кој заедно со неговата против кандидатка Амна Јусиќ од Босна и Херцеговина не успеаа да ги освојат потребните гласови и заедно заминаа во багаж, веднаш потоа во најавата на познатата и секогаш одлична водителка Сања Кужет се случи истата да биде два пати истата повторена па дури и да се чуе режијата која реагира и го повторува снимањето на истата.

Симпатично, зар не?

Како тоа изгледа? Погледнете го видеото на 02:07:28. Луѓе сме грешки правиме, небитно кој медиум и да е и колку и да изгледа тоа професионално и совршено.

Можеби ќе ве интересира: