Балканленд

И Зорица Брунцлик дел од жирито на “Пинкови Ѕвезди”?!

Деновиве кружат гласини дека откако Зорица Брунцлик ги напушти “Ѕвездите на Гранд”, голема е веројатноста да стане дел од Ѕвездите или Ѕвездичките на Пинк. Пејачката и Мирослав Илиќ веќе десетина години се во лоши односи, но тој не се плаши од можното нејзино присуство во жирито на “”Пинкови Ѕвезди”.

“Ја прифатив понудата да судам во следната сезона, како и останатата екипа. Во случај Зорица да биде со нас нема да го напуштам натпреварувањето. Нормално е дека ќе се пецкаме, па може дури и да седам до неа, но тоа е шоу. Ние двајца никогаш не се скаравме, само не се сложив со некои од нејзините работи. И го свртев грбот и си заминав”, изјави Илиќ.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: