Балканленд

Илда Шаулиќ стави крај на 10 годишна врска?!

Ќерката на босанскиот пејач Шабан Шаулиќ, Илда Шаулиќ во една тв-емисија зборувала за својот љубовен живот и во таа прилика открила дека ја завршила десетгодишната врска со човек кој е постар дури од нејзиниот татко.

Иако речиси една деценија била во стабилна врска, убавата Илда никогаш не сакала својот избраник да го покаже во јавноста, а како причина се наведува и тоа дека нејзиното момче тогаш бил во брак. Пејачката рекла дека е благословена што имала можност да почувствува вистинска и искрена љубов, иако била лудо вљубена, одлучила да стави крај на таа романса, иако смета дека веќе никогаш нема да има толку силна врска како таа, пренесува српски “Ало”.

“Ја имав најголемата љубов. Таа заврши. Но среќна сум и благословена поради тоа што ја почувствував. Верувам дека во животот ќе имам уште многу љубови, но не верувам дека ме чека некоја толку силна љубов”, искрено изјавила Илда.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: