Балканленд

Исак Шабановиќ и Александра Младеновиќ потврдија дека се во врска

Младите sвезди на Гранд, Александра Младеновиќ и нејзиниот колега Исак Шабановиќ потврдија дека се во врска и веќе два месеци уживаат во љубовта. Тие ја потврдија убавата вест и истакнаа дека не сакале да добијат простор во медиумите на сметка на врската.

Така е, јас и Александра сме заедно два месеци. И двајцата сме јавни личности и знаеме дека публиката ја интересира се за нас и нашите животи, но не сакавме да добиеме дополнителен простор во медиумите на сметка на нашата врска. Нашите кариери се одвоени, а јас не сум навикнат да го раскажувам мојот приватен живот. Бидејќи веќе не фотографираа заедно, можам да кажам дека ни е многу убаво, одлично се сложуваме, уживаме, заљубени сме и среќни. За десет дена ја објавувам мојата нова песна и ова не е направено за маркетинг затоа што навистина не ми треба таков тип на маркетинг. – вели шабановиќ.

Веста ја потврди и Александра, која даде слична изјава.

Така е, јас и Исак сме заедно два месеци. Сè уште не сакавме да зборуваме за нашата врска, но кога веќе не снимија, не можеме да се лажеме. – изјави Александра.

Јавноста ја запозна Александра во „Ѕвездите на Гранд“ во сезоната 2015/2016 година а Исак се најде во центарот на вниманието со своите спектакуларни изведби на рок нумери во минатата сезона.

Можеби ќе ве интересира: