Балканленд

Излезе новиот албум на Марија Шерифовиќ (Видео)

Денеска точно напладне излезе новиот албум на Марија Шерифовиќ наречен „Долази љубов“ кој носи осум нови песни: седум поп балади и едно изненадување во форма на вистинска народна мелодрама.

Новиот албум излегува по цели 10 години, а воедно и во годината во која Марија слави 20 години на музичката сцена.

Единствената српска победничка на Евровизија, најпопуларната поп пејачка во регионот, на својот нов албум ја носи и љубовната балада „Пола Сунца“ која ја направи во дует со младата, но се попопуларeн хрватски пејач Матија Цвек. Покрај тоа, Марија со песната „Мој град“ со која се затвора новиот албум им ја исполни желбата на верните фанови пеејќи балада во фолк стил.

Во авторскиот тим кој го потпишува албумот се и долгогодишните соработници на Марија како Бане Опачиќ, Саша Николиќ, Дарко Димитров, Душан Алагиќ, но и некои нови имиња како Слободан Вељковиќ Цоби, Бојана Вунтуришевиќ, Харис Рахмановиќ, Мирко Ч. итн.

Целиот албум е достапен од денес на сите музички платформи – Spotify, Deezer, Apple music, Tidal.

Можеби ќе ве интересира: