Познатиот балкански продуцент и сопственик на една од можеби најгледаните музички тв станици Гранд ТВ – Саша Поповиќ, по долго размислување и двоумење конечно најде соодветна замена за Зорица Брунцлик во новата сезона на музичкото тв шоу “Ѕвездите на Гранд”. По напуштање на жири-комисијата на фолк пејачката Брунцлик, долго време се шпекулираа разно разни имиња кој се може да седне на нејзиното столче.
По цела деценија војување, заеднички пријател ги смири и заедно во најстрога тајност одржале состанок на кој што е договорено Јелена Карлеуша да биде дел од новата сезона и жири на музичкото тв шоу во кој што учествуваат и голем број на македонци “Ѕвездите на Гранд”.
Дали и Карлеуша ќе биде доволно контраверзна исто како и Брунцлик, дали ќе има ситни расправии, негодувања, интересни коментари… останува да го почекаме и видиме почетокот на новата сезона на “Ѕвездите на Гранд”.
Подготви: Марија Поповска