Балканленд

Јелена Карлеуша напишала писмо до Дедо Мраз, која ли желба ја посакала?! (Фото)

Јелена Карлеуша со колешките Марија Шерифовиќ и Сара Јо, ќе настапат пред Собранието во Белград во најлудата ноќ која е се поблиску. По тој повод, Карлеуша одлучила да му напише писмо на Дедо Мраз, а од него бара да и исполни само една желба. Таа тврди и знае дека за Дедо Мраз таа е најомилена ѕвезда, со што му побарала следно:

“Драги Дедо Мраз, бев многууууу добра во изминатата година. Моја новогодишна желба е сите светски медиуми да објават кадри од мојот новогодишен концерт на 31.12 и да го сликаат мојот град и мојата земја и истата да биде прикажана во најубаво светло! Да ја одушевиме целата планета! Те молам, Дедо Мраз, јас знам дека сум твоја најомилена ѕвезда”, напишала Карлеуша на својот Инстаграм.

Инаку сите три ветиле добра забава за сите кои ќе се најдат пред пред Собранието во Белград на 31. декември, и како што истакнал заменик градоначалникот на Белград, трите тие ќе пејат без хонорар.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....