Хрватската пејачка Јелена Розга во последните неколку денови вредно работи на новиот сингл “Нирвана” кој го најавува со нови фотографии. Новиот сингл на некогашната членка на групата “Магазин” е брза, модерна, а аранжманот носи енергија и играчки ритам. Премиерата на оваа песна се очекува до крајот на месец март, кога ќе биде објавено и видеото. Како и досега, автори се брачниот пар Хулиќ, а аранжманот го сработи Борис Џурдевиќ.
Претходна објава
Следна објава