Балканленд

Јелена Розга открива: Не можам да се здебелам ниту половина килограм

Хрватската пејачка Јелена Розга неодамна се пофали со најновиот музички проект. Таа во емисијата на Огнен Амиџиќ, „Амиџиќ шоу“ беше гостинка заедно со пејачот Саша Матиќ со кого ќе има снимено дует. Пејачката ретко се појавува со изјави и интервјуа во јавноста, но оваа прилика ја искористи да каже нешто околу себе и проблемите со здравјето за кое се зборуваше и порано.

Во емисијата изјави дека поради короната немала „убави“ прилики за да се пофали со нешто, но и дека кога има нешто да промовира, со задоволство се појавува во јавноста. Кога водителот ја праша за нејзиното здравје, таа изјави:

„Морето и мојата Далмација влијаат добро на мене, иако имам проблем да се здебелам, а тоа е поради мојот здравствен проблем со тироидната жлезда. Таа не ми дава да се здебелам ниту половина килограм. Извесен период не бев добро, сега сум океј. Знаат да ме зезаат за тоа дека не можам да се здебелам ниту килограм!“, кажа Розга во тв шоуто.

Таа отворено зборуваше за својот здравствен проблем и претходно, отворајќи ја темата за тоа како се справува со ситуацијата. Ја коментираше и нејзината затегната линија, „обвинувајќи ја“ генетиката за нејзиниот добар изглед.

„Мислам дека генетиката е најодговорна за тоа како изгледам и носам ист конфекциски број со години”, додаде пејачката. Но сепак, таа вели дека изгледа подобро од кога било и ужива во своето тело.

Можеби ќе ве интересира: