Балканленд

Некогаш позната хрватска поп пејачка, денес џезерка… каде е и што прави Весна Писаровиќ

Често беше споредувана со познатите Данијела Мартиновиќ и Јелена Розга, но сепак таа остана своја, единствена и оргинална. Многумина се сеќаваат на неа по многубројните песни и хитови кои таа ги отпеа, а една од нив е преубавата и емотивна балада “Да знаш”. Што прави денес, како живее и воопшто дали се занимава со музика познатата пејачка Весна Писаровиќ, прочитајте во продолжение.

Потекнува од Хрватска, а некогаш жареше и палеше со своите хитови кој ретко кој не ги знаеше. Познатата пејачка Весна Писаровиќ денес живее и работи во Берлин со својот сопруг Озрен Пуповац, син на познат хрватски политичар, со кого пред шест години се омажи. Дел од нејзините песни како што се: “Тако ми недостајеш”, “Нека људи говоре”, “Ти не знаш што је љубав”, “Да сутра умрем”… и ден денес се пеат ширум балканот, во продолжение прочитајте што познатата хрватска пејачка вели за својата кариера и сегашниот начин на живот.

“Денес со музика се занимавам и повеќе од претходно. Долго време ме немаше во медиумите затоа што пред осум години се отселив од Хрватска за да студирам џез пеење, прво на конзерваториумот во Хаг, а потоа и во Лондон. Студирав и учев нов музички јазик. Пред две години го објавив свое џез првенче со врвни берлински музичари. За време на сите овие години одржував џез концерти во Европа и поп концерти во Словенија. Убаво е да се менуваат две целосно различни музички експресии и мора да признаам дека сега уживам во поп концертите повеќе од порано. Моментално го подготвувам вториот џез албум”, вели познатата хрватска пејачка Весна Писаровиќ.

Само за момент потсетете се на еден од нејзините најголеми хитови кои веруваме дека добро сите го знаете.

http://youtu.be/Dy_fEcKaawU

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: