Балканленд

Калиопи го најави концертот во Сава Центар

Најпознатата музичка поп пејачка – македонската поп дива на прес конференција пред речиси сите српски и балкански медиуми, вчера во Белград, официјално го најави својот прв голем солистички концерт, кој што на 10-ти ноември ќе се одржи во Сава Центарот. Прес конференцијата ја отвори Вик Жугиќ преставникот на Сава Центар, кој меѓудругото истакна дека голема чест и задоволство е што големата македонска поп дива која што со својата музика го обединува балканот ќе одржи концерт токму на местото каде што досега гостувале познати музички имиња од цел свет.

Томислав Кашљевиќ кој што е организатор на балакнската турнеја “Мелем”, пред новинарите ги истакна своите досегашни впечатови од изминатите концерти во Босна, а за белградскиот кој што ќе се случи за 10 дена, вели дека не очекува спектакал, музички гости, туку едноставно пејачка која одлично знае да ги отпее и да ги долови своите песни на публиката.

“Иако концертот во Белград ми е многу важен, мене ми е исто – дали пеам пред тројца луѓе или пред неколку илјади… Емоцијата е таа – доаѓа или не доаѓа. Ја има, или ја нема. А кај мене секогаш ја има”, изјави Калиопи на вчерашната прес конференција пред многубројните медиумски куќи.

Калиопи од денес па во следните денови интензивно ќе работи со својот бенд на песните и се она што е потребно да биде перфектно и одлично направено за на 10-ти да биде едноставно се совршено. А никако не може да ги заборавме и заслужните членови од бендот, без кој не би било она што се случуваше изминатиот период: Влатко Георгиев (синтисајзер и програмирање), Танче Гроздановски (гитара), Џоле (Максимовски) и Дино (Милосављевиќ) од Влатко Стефановски Трио на бас и тапани, како и познатата пејачка Нина Јанева и Александар Никодиновски – придружни вокали. Во текот на понатамошните концерти кои се планирани за Загреб и последниот во Скопје, на овој тим ќе им се придружи и Маја Саздановска која ја паметиме по некогаш одличните хитови, а денес само како придружен вокал и познатиот гитарист Ади Имери.

По официјалната прес конференција, како и секогаш, така и овој пат Калиопи се дружеше со новинарите, а изненадување за сите присутни беше моментот кога поп дивата седна и со помош на пијаното ја отпеа нјезината никогаш незаборавна “Бато”. Во продолжение, ексклузивно на Музика24 погледнете го видеото од нашите соработници од порталот Дневно.

Од Белград за Музика24: Ивана Спасојевиќ

Можеби ќе ве интересира: