Балканленд

„Кандидатите молчат затоа што им наредија дека никој не смее да ја поддржи Вања“

Дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ крена голема медиумска прашина во регионот, а во последната сезона на популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ скандалите се се поизразени, а со тоа и негативните коментари како од натпреварувачите така и од публиката. По неправдата која и беше направена Вања сега се огласи и уште еден учесник од „Ѕвездите на Гранд“ кој постираше објава, па набргу ја избриша.

Имено, Ненад Димитровиќ кој се натпреваруваше во музичкото шоу и чиј ментор е Ѓорѓе Давид ја подржа Вања, а за продукцијата немаше пофални зборови. Тој објасни што се случува зад камерите и што им било кажано на останатите кандидати по случката со Вања.

„Ужасно ме иритира ова неправда која се прави на девојката Вања. Повеќето кандидати молчат бидејќи ни е кажано дека не смееме ништо да подржиме што таа ќе објави. Искрено, ми е гајле за „Гранд“, се и сешто тука може да се каже, но се надевам дека постои некоја космичка правда која ги чека сите лоши луѓе“, напиша Ненад, па ја избриша објавата.

Потсетуваме, Вања е дисквалификувана откако реобјави на „Инстаграм стори“ друга објава со лоши коментари и навреди кон Јелена Карлеуша.

Можеби ќе ве интересира: