Музичкото шоу „Sвездите на Гранд“ доживеа вистинско фијаско и лавина негативни коментари од гледачите, откако продукцијата одлучи да го дисквалификува натпреварувачката од Бања Лука, Вања Кнежевиќ. Причината за тоа е што кандидатката ги поддржа негативните коментари на сметката на Карлеуша на нејзиниот Инстаграм, поради што беше исклучена од понатамошното учество во шоуто.
Твитерџиите не ја поштедија и овој пат, ја подржаа Вања а ја нападнаа Јелена:
“Јелена Карлеуша не може да каже за себе дека е феминистка и ги навредува жените врз основа на нивниот физички изглед, однесување и избор на живот”;
“Јелена Карлеуша не може да зборува за залага за правата на животните, а да носи пердуви, кожа и крзно”;
“Јелена Карлеуша повеќе никогаш не смее, ниту треба да се заборави дека навредувала малолетни лица, бремени жени, луѓе чии блиски починале, ХИВ-позитивни болни и оние кои никогаш не и наштетиле на кој било начин – и тоа е нејзината публика”;
“Јелена Карлеуша кога ќе види ПРИРОДНА убава девојка, го губи разумот и полудува! Ослободете се од целиот отров и лутина. Но, затоа кога ќе види оперирана мајка, има комплименти! JК разочарување на годината”.
Ова се само дел од коментарите на Твитер: