Балканленд

Ќе се снима филм за Џеј Рамадановски

Филмскиот центар на Србија вчера ги објави резултатите од конкурсот за кофинансирање играни филмови. Управниот одбор на ФЦС го усвои предлогот на комисијата за распределба на средства за пет идни играни филмови, вклучително и биографска приказна за неодамна починатиот пејач Џеј.

Филмот „Недеља“, по сценарио на Стефан Бошковиќ, а во режија на Немања Чераниќ, ФЦС ќе го кофинансира со 20 милиони динари.

“Без претерана патетика, со впечатливи ликови е дадена возбудлива приказна за животот на Џеј Рамадановски. Сценариото се придржува до важните факти од биографијата на пејачот, третирајќи ги со симпатии кон главниот лик, со што не се доведува во прашање портретирањето на суровата реалност со која беше принуден да се соочи, туку напротив, како што треба да биде во успешните филмски остварувања”, се наведува меѓудругото во образложението на членовите на комисијата кои предвидуваат дека се работи за потенцијален кино хит.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....