Нејзините родители со гордост можат да се пофалат. Ќерката на познатата српска пејачка Анабела Атијас неодамна на една модна ревија, со сигурни чекори, во интересна и смела креација на еден моден бренд, ја прошета бината. Дали тоа значи дека Луна ќе премине во модниот свет, сеуште не знаеме, но по креацијата и она што се гледа на неа, односно она што самата креација не го покрива, на социјалните мрежи како и секогаш, така и овој пат имаше мноштво негативни коментари и реакции.
Дали ќерката на Анабела ќе започне со маникенство и како таа би изгледала на сцената, погледнете и проценете сами од фотографијата.