Балканленд

Ќерката на Цеца, Анастасија открива: “Ми нудеа дрога, сакаа да се соблечам гола”

Во интервју за српски “Курир”, ќерката на најпознатата балканска пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ открива дека и било понудено да проба дрога на различни места досега, но таа тоа го одбила.

“Ми понудија дрога на излегување од дома, во тоалет, во кафуле, неколку пати на различни места, но никогаш не сакав да пробам”, открива Анастасија Ражњатовиќ во интервјуто и додава дека таа тоа никогаш не би го пробала, особено гледајќи што и како се случува на музичката естрада. Таа неодамна добила и улога во ТВ серијата „Пејачка“, каде требало да се соблече гола, но истата ја одбила.

„Ја добив улогата, но веднаш им реков на продуцентите дека нема да се соблечам гола како од мајка родена. Не се пронајдов во таква улога, па решив да не прифатам. Немам голема желба сега да бидам и актерка“, вели Анастасија.

Можеби ќе ве интересира: