Балканленд

Ќерката на Симон Трпчески со преработка на „За овој свет“ (Видео)

Понесени и дополнително инспирирани од големата љубов и прием од публиката при изведбата во рамките на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста 2022“, објавени се македонската
и англиската аудио и видео верзија на хит-преработката на песната „За овој свет“, за трајно да се пренесат пораките за човечност, љубов и сплотеност во национална и светска димензија, токму онака како што во изворната верзија тоа го правеше и ненадминливиот Тоше Проески.

Преработката ја исполнуваат солистката Лара Трпческа и нејзините пријатели. Учествуваат детски хор подготвен од Тоше Митрев, Симон Трпчески и Влатко Нушев, младинскиот хор од „Про Арс“ и Хорот на Младинскиот културен центар, под раководство на диригентот Сашо Татарчевск. Музиката и текстот на англиски јазик се на Младен Марковиќ, текстот на македонски јазик е на Весна Малинова, аранжманот го направија Симон Трпчески и Влатко Нушев.

Елементите од проектот МАКЕДОНИСИМО во аранжманот ги доловија пијанистот Симон Трпчески, виолинистот Владимир Крстев, виолончелистите Паскал Краповски (аудио) и Мартина Јаневска (видео), кларинетистите Хидан Мамудов (аудио) и Александар Ангелов (видео) и на удиралки Влатко Нушев.

Можеби ќе ве интересира: